
Бадникови поворки во Штип и оваа година организираат хуманитарна акција, со цел да им се помогне на ранливите категории граѓани. Денеска во храмот Свети Никола, се повикуваат сите хумани граѓани, фирми и организации кои се во можност да донираат прехрамбени производи, средства за хигиена или детски пакетчиња кои во текот на утрешниот ден ќе бидат дистрибуирани до оние семејства на кои им е најпотребно.
„Како и секоја година така и оваа на 3 јануари преку Бадникови поворки организираме хуманитарна акција. Ги повикуваме сите хумани граѓани да се вклучат во оваа хуманитарна акција со донирање на прехрамбени намирници, хигиенски средства или новогодишни детски пакетчиња, со цел истите понатаму да ги дистрибуираме до најранливите семејства.“ – вели Ристова – Михајловска.
Во вторник пак на 6 јануари традиционално ќе се реализира Бадникова поворка во Штип. Околу 400 дечиња пеејќи ја песната Вечниот бог, ќе го најават христовото раѓање. Со жолтите ѕвездички и пештерката ќе се движат од храмот Свети Никола до плоштадот Слобода. Се покануваат сите деца, младинци и возрасни масно да се вклучат масовно во Бадниковата поворка.
„Девета година по ред ја најавуваме Бадниковата поворка во Штип. Ги повикуваме сите деца, младинци и возрасни да се вклучат во највеличествената Бадникова поворка, така што на 6 јануари во вторник со почеток од 10 часот од храмот Свети Никола ќе се движиме кон плоштадот Слобида пеејќи ја песната Вечниот Бог“ – додава Ристова – Михајловска.
Во месец декември се организираа и работилници, на кои присуствуваа деца, младиници и возрасни.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет