Баба Стоја Постолова наполни 93 години, доби торта и ги дувна роденденските свеќи

По 93 пат, старицата Стоја Постолова ги дувна своите роденденски свеќи и го прослави својот 93 годишен роденден во Штип. Родена во далечната 1932 година, оваа жена од кочанско Пантелеј и денес импресионира со добар ум и јасен збор. Стоја, која низ животот била мајка, баба, прабаба и столб на своето големо семејство, останува поттик за нив за сила и издржливост. Нејзината живост и ведрина ги оставаат сите без зборови. И по девет децении, Стоја продолжува да инспирира, доказ дека вистинската животна енергија не старее.

Нејзината снаа Даница, со ширум отворени порти и топло срце ја пречека и нашата редакција. Пред камери вели, баба Стоја не ја чувствува како свекрва, туку како мајка, бидејќи таа ги научила на прав и чесен живот, исто како старите мајки во минатото.

Инаку, ова многубројно и топло семејство е доказ дека и денеска можат да се сретнат старите вредности, неопходни за да човека е среќен, а тоа можеше да се види во нивните очи и срца.

Иван Митев, М-Нет