60 годишен радовишанец пијан направил сообраќајка, измерени над 1,60 промили алкохол

На 13.12.2025 година во 02:25 часот,  полициски службеници од СВР Струмица на ул. „8 Септември“ во Радовиш  го лишија од слобода В.К.(60) од Радовиш. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал В.К. со патничко возило „џип“ со радовишки регистарски ознаки, било констатирано дека В.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.63 промили алкохол во крвта.