
Седумдесет и осум годишната баба Лозена од Кочани е една од ретките жени која вози велосипед. Таа другарува со велосипедот од својата десет годишна возраст. Најпрвин желбата и се појавила во местото на живеење односно во селото во кое тогаш како мома живеела. Се мажи во Кочани и продолжува да другарува со велосипедот до ден денешен. Пред камерите на М-Нет телевизија вели кога дошла во Кочани и било срам да се возии со велосипед бидејки во тие времиња било реткост да сретне жена со велосипед на улиците.
„Јас велосипедот го возам од десет гдини, ама од село сум. Кога дојев во Кочани малку ми беше срам ама почнав да возам, бавча работам, има разни зачинки, но сега веќе бавчата ја дадев во пензија. Не ја разботам, возам го велосипедот да се потирам на него.“ – вели баба Лозена.
Велосипедот сега го турка само бидејки годините си го прават своето вели баба Лозена. На времето таа одгледувала бавча која се наоѓала во близина на кочанското село Грдовци. Од градот до својата бавча одела со својот велосипед и токму преку одгледување на таа бавча ја обезбедувала егзистенцијата за своето семејство. Вели беше тешко да се живее, но мора да се издржи бидејќи животот е полн со изненадувања,
Баба Лозена вели кога се вози со нејзиниот велосипед таа се чуствува исполнето и многу убаво. Но додава дека била од првите што знаела да вози велосипед, а сега веќе е последна со оглед на своите години.
Сега својот велосипед го вози само до градскиот пазар бидејки толку и дозволуваат условите, но и повеке го турка бидејки на велосипедот го носи багажот што ќе го купи од пазарот. Ова е реткост за воодушевување.