Асфалтна маса добија паркинг простор во Сењак 2, и неколку улици во Дузлак и Баби

Нов асфалтен слој доби паркинг простор во населба Сењак 2, улица во насеба Дузлак и неколку краци од улици во населба Баби во Штип. На површина од 2200 метри квадратни се постави нов асфалтен слој, а средствата за ваквите инвестиции се издвоени од Буџетот на Општина Штип.

„Започнуваме со асфалтирање на неколу населби на територија на Општина Штип, Сењак 2, Дузлак, Баби. Станува збор за асфалтна маса која ќе се нанесува на површина од 2200 метри квадратни, средствата кои се одобрени од Буџетот на Општина Штип се во износ од 1,8 милиони денари. Станува збор за асфалтирање на еден паркинг простор во населба Сењак 2, на улица во населба Дузлак и на неколку краци од улици во населба Баби.“ – кажа Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов истакна дека градежните активности на територија на Општина Штип продолжуваат се додека дозволуваат временските услови. Со поставување асфалтен слој во населба Караорман се очекува да заврши сезоната на градежни активности.

„Со ова продолжуваме се додека ни дозволуваат временските прилики да ја подобриме патната инфраструктура на теритроија на Општина Штип. Во следните денови очекувам да се започне со асфалтирање во населба Караорман и практично да ја завршиме сезоната на градежни активности со асфалтирање.“ – додаде Јорданов.

Овие проекти се со цел подобрување на инфраструктурата во градот, со што Штип добива современ и модерен лик, а граѓаните подобар начин на живеење.

Лаура Стојанова М-Нет