
Асфалтирани пристапните уличики во кругот на штипската Клиничка болница. Со овие активности денеска кругот на болницата е целосно опрермен како за пациентите, така и за возилата на Брзата помош. Како што посочи градоначалникот, Иван Јорданов приоритет е изградбата на новата клиничка болница, но она што е во надлежност на Локалната самоуправа однонсо инфраструктурата е веќе завршено.
„Направивме нов пристап, практично старта капија ја оспособивме со нов потпорен ѕид за кој се издвоени 1,5 милиони денари како прва фаза. Овој нов влез ќе служи за возилата на Брзата помош, а веќе во втората фаза денес се асфалтираат сите пристапни улички кај КБ Штип за кои се издвоени околу 2,5 милиони денари.“ – вели Јорданов.
Реконструкцијата на инфраструктуратаво кругот на болницата се релизира после 60 години и од големо значње и за пациентите и за лекарите.
„Првата етапа осопособување на старата капија е завршен, сега се асфалтира и со тоа се оспособваат два влеза, влез за цивили и за пациентите“ – вели Захариев.
Со денесшната реконструкција нема да се создаваат гужви за влез и излез на пациентите и возила од болница, движењето ќе биде полесно, а со тоа и услугите кон пациентите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет