Асфалтиран паркинг простор во штипска Автокоманда

Асфалтиран паркинг простор во штипска Автокоманда, меѓу улиците Солидарност, Браќа Даневи и 5ти конгрес. Средствата се одвоени од Буџетот на Општина Штип, а по асфалтирањето просторот ќе биде и осветлен. Градоначалникот Јорданов се надева дека во брзо време ќе започне и асфалтирањетро на улиците односно реализација на проектот од Светска банка.

„Станува збор за паркинг кој очекувам во текот на денот да биде изасфалтиран. Вкупниот износ е еден милион денари пари од Буџетот на Општина Штип. Овој дел од населба Автокоманда во минатото беше запоставен, неосветлен. Веднаш по асфалтирањето на оваа површина која ќе биде искористена за паркирање на возилата на околните односно на жителите од околните згради, подоцна ќе биде и осветлен.“ – вели Јорданов.

„Се надевам дека временските прилики ќе не послужат за да овие улици бидат завршени и оспособени за движење на возила. “ – додава Јорданов.

Асфалтираниот паркинг простор е околу илјада метри квадратни, а дополнително ќе се знае колку паркинг места ќе бидат исцртани. Јорданов потенцираше дека истиот ќе биде рационално искористен за да им служи на граѓаните од околните згради.

Лаура Стојанова М-Нет