
Ракометарките на Астибо утре играат дерби натпревар против Пелистер, во соочување за директна потврда на место во Суперлигата и за следната сезона.
Натпреварот ќе се игра во салата „Тошо Арсов“ во Штип, а ракометарките на Астибо бараат силна поддршка од целата спортска јавноста и навивачите како ветер во грб од трибините, а ветуваат дека ќе дадат сè од себе за да стигне до победата која е повеќе од потребна.
Натпреварот има огромно значење, ова е дуел на Астибо кој со седум бодови е шести и Пелистер кој е последне односно осми со четири бодови и од тука е потребата за сигурна потврда во директен дуел за опстанок во елитата.
Натпреварот се игра во Спортската сала „Тошо Арсов“ со почеток од 18:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет