Асистент при лекување, учебни материјали и повеќе финансии – слепите лица со јасни барања до државата

Обезбедување асистент при болничко лекување, образовни материјали за слепи ученици и зголемена финансиска помош – се само дел од барањата на здруженијата на слепи лица од државата, кои што ги бараат од владата. Бараат и промени во правото на попреченост и туѓа нега. Според нив, овие мерки се повеќе од неопходни за достоинствен живот. Дел од барањата е и директна средба со премиерот Христијан Мицкоски. На последната средба со заменик-министерот за социјална политика, договорено е формирање работна група.

,,Реализиравме средба со заменик министерот на министерството за социјална политика. На таа средба се договоривме за да се формира работна група од повеќе министерства, со кои што ќе oрганизираме уште една средба за едно 20 сетина дена на која што ќе ги разгледаме нашите барања, кои што се многу битни за слепите лица. Едно од барањето е при болничко лекување, слепото лица да може да користи и асистент или придружник, затоа што е потребно тоа, повеќе од потребно. Барања исто така за материјали кои што се непходни за слепите лица, конкретно за помладите во училиштата. Потоа правото на попреченост и туѓата нега во еден додаток. Зголемување на финансиската подршка од владата на национални организации. Едно од барањата беше и да дојде и на средба премирот на државата Христијан Мицкоски.”, рече Витанов

Се работи за доброто на слепите лица, рече Витанов, додавајќи дека тие очекуваат да се прифатат нивните барања.

Доколку барем дел од нивните барање нема да бидат прифатени, претседателот на ова здружение Драги Витанов најави протести низ државата со останатите здруженија. Вели достоинствен живот заслужуваат и тие со што очекуваат дека во иднина барањата ќе ги резлизираат.