Осум месеци по неговотo апсење, поранешниот вицепремиер, Артан Груби, кој е второобвинет во случајот со „Државна лотарија“, денеска излегува од куќен притвор и ќе се брани од слобода.
Минатата недела Кривичниот суд соопшти дека тој понудил гаранција од недвижен имот од 335.707 евра за укинување на мерката со која му е одземен пасошот.
„Обвинителниот предлог, по кој е заведен кривичниот предмет, е поднесен на 13 август 2026 година. Согласно член 470 од Законот за кривичната постапка, притворот може да трае најдолго 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Заради тоа, како што беше посочено и претходно, а истото беше потенцирано и од страна на судијата кој постапува по предметот, по сила на Законот, мерката куќен притвор за овој обвинет истекува на 13 октомври 2026 година“, соопшти Кривичниот суд.
Мерката за одземање на пасошот, пак, продолжува да важи, но Груби поднел гаранција од над 330.000 евра за да му се укине.
„Воедно, покрај мерката куќен притвор, против обвинетиот е определена и дополнителна мерка на претпазливост, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница, која ќе продолжи да важи и по истекот на законски предвидените 60 дена“, велат од Судот.
Груеби беше уапсен во февруари на граничниот премин „Блаце“. По него беше распишана меѓународна потерница за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Текстот Артан Груби излегува од притвор е превземен од МАКФАКС.