
Фудбалскиот клуб Арсими успешно ја заврши почетната, десетдневна подготвителна фаза во Хрватска, каде што тимот имаше одлични услови за работа и подготовка за продолжението на вториот дел од сезоната.
Во текот на подготовките, екипата одигра неколку контролни натпревари против силни противници, при што прикажа позитивни перформанси. Стручниот штаб доби јасна слика за моменталната форма на тимот, како и за сегментите што треба дополнително да се унапредат во наредниот период.
Последниот пријателски натпревар не го дочека својот крај. При водство од 2-0 за Арсими, противничката екипа покажа прекумерна агресивност, несоодветна за пријателски дуел. Од тие причини, раководството и стручниот штаб одлучија да не се продолжи натпреварот, ставајќи го здравјето и безбедноста на фудбалерите на прво место.
„Жолто-црните“ утре се враќаат во Македонија, а во наредните денови клубот ќе ги претстави новите засилувања, како и програмата со следните контролни натпревари што го очекуваат тимот во продолжението на подготовките.