Арсими го промовираше Реми Селмани како големо офанзивно засилување

Фудбалскиот клуб Арсими официјално го претстави Реми Селмани како нов член на „жолто-црните“, со што значително ја засили офанзивната линија пред продолжението од сезоната.

Станува збор за искусен напаѓач со богато домашно и меѓународно искуство, кој во кариерата настапувал за реномирани клубови како Партизан (Албанија), Ллапи (Косово), Ујпешт и Мезокевешд (Унгарија), додека во македонското првенство го носел дресот на Шкендија, Ренова и други екипи. Во Арсими пристигнува од редовите на Феризај.

Селмани зад себе има и значајни успеси, откако беше дел од шампионските состави на Шкендија и Партизан, а неговото доаѓање се оценува како едно од најзвучните засилувања на клубот во последниот период.

Реми Селмани со Арсими потпиша договор на една и пол година, а од клубот изразуваат уверување дека ќе биде важен фактор во борбата за остварување на целите во тековната сезона.

„Жолто-црните“ со неговото ангажирање добиваат напаѓач со искуство, квалитет и победнички менталитет, што треба да донесе дополнителна сигурност и ефикасност во нападот.