
ФК Арсими продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, откако клубот го претстави офанзивниот фудбалер Фатјон Јусуфи како најново засилување во составот.
Јусуфи е играч кој настапува како офанзивен играч за врска и напаѓач, а во својата кариера има настапувано за повеќе познати клубови и во домашни и во меѓународни првенства. Бил дел од ерменскиот Ширак Ѓумри, албански Партизани, а на македонската сцена ги носел дресовите на Струга, Шкупи, Ренова, Гостивар и Воска. Во редовите на Арсими пристигнува од косовски Феризај.
Во клубот веруваат дека искуството и офанзивните квалитети на Јусуфи ќе донесат дополнителна сила во нападот и поголема конкуренција во тимот, особено во клучниот дел од сезоната. Фудбалерот потпиша едногодишен договор и веќе се приклучи на тренажниот процес со новите соиграчи.