Антонио Илиоски со освоено прво место на Светскиот музички он-лајн натпревар во Малезија

Љубовта кон музиката не познава граници. На своја шест годишна возраст, изразува  желба кон музиката. И се запишува во Музичко- балетскиот училиштен центар „Илија Николовски- Луј“- Скопје. Виолончелото е неговата страст и мотивација кон замислените цели во иднина. Младиот и талентиран Антонио Илиоски од неодамна го освои првото место на Светскиот музички он-лајн натпревар Persatuan Chopin Malaysia  во категоријата „Junior School“. Впечатоците и импресиите се големи, а еве како дојде до негово пријавување на тој натпревар. Изјавува Илиоски.

Со вкупно 560 натпреварувачи од 38 држави од 5 континенти. Младиот Илиоски ја доби честа да го освои првото место. Со голема емоција и многу труд кон својот настап, ја освои посакувана цел. И со голема гордост го вбројува првото место во неговата музичка кариера.

„Ја имав таа среќа од вкупно 560 натпреварувачи од 38 држави од 5 континенти, јас да го освојам првото место. Се пријавив и еве го освоив првото место, што за мене претставува огроман чест“. Изјавува, Илиоски

Со големи импресии од он- лајн натпреварот и  големи амбиции во иднина. Апелира до сите љубители на музиката, да се пријават и да ги следат своите соништа. „Јас сум единствениот од Македонија, и затоа не треба да се има изговори кон посакуваната цел. Само напред!“Изјавува, Илиоски

Надица Стојковска/ М Нет

Горан Христовски/ М Нет