
Активен пожарот на територијата на Општина Штип, во атарот на село Селце, во близина на вештачкото езеро Мантово, во падините на планината Серта, кој изби вчера попладне. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, вели дека штипските пожарникари со поддршка на огнен тим од ДСЗ работат на ставање на пожарот под контрола, при што бил испратен и полициски хеликоптер за гасење на огнот. Само во текот на вчерашниот ден, Ангелов тврди дека имало 26 пожаро на отворен простор, по што опасноста од пожари и понатаму постои.
,,Во текот на вчерашниот ден имавме најмалку 26 пожари на отворен простор, што само за себе значи дека опасноста од пожари и понатаму останува и нивниот број сѐ уште е многу висок. Тие ги исцрпуваат пожарникарите и сите останати коишто секојдневно учествуваат во нивното гасење. Вчера доста попладне изби пожар на територијата на Општина Штип, во атарот на село Селце, во близина на вештачкото езеро Мантово, во падините на планината Серта. Во текот на утрото и рано наутро, штипските пожарникари со поддршка на огнен тим од ДЗС составен од доброволни пожарникари од Штип, работат под ставање на контрола на овој пожар. Рано наутро испративме и еден полициски хеликоптер, коишто значително и помогна на пожарникарите да биде ставен во контрола еден крак од овој пожар. Очекувам во текот на денот да биде ставен во целосна контрола, а веднаш потоа и целосно изгаснат. Зафатена е претежно ниска вегетација, трева, трња, грмушки и друг вид на ниска вегетација. Aпелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни, вегетацијата е многу сува и доволна е само една искра за вистинска катастрофа“,
Ангелов очекува дека во текот на денешниот ден, пожарот ќе биде ставен под контрола и изгаснат, а воедно упатува апел до граѓаните да бидат внимателни, оти е само една искра е доволна за вистинска катастрофа.
Ева Тушевска, М-Нет