
Четвртото коло на плеј-офот и плеј-аутот беше отворено со вчерашните воведни натпревари.
Во плеј-офот екипата на Алкалоид со 28:36 го доби Охрид во меч каде во првиот дел имаше поголема резултатска неизвесност, се играше гол за гол се менуваше водство се до 14:16 кога Алкалоид замина со два гола предност по првите 30 минути.
Во вториот дел Охрид одново се обидуваше да дојде до резултатска предност успеа да додје до 21:21, а потоа тимот на Кирил Лазаров започна да гради предност која на крајот изнесуваше плус осум за 28:36.
Најдобар кај Охрид со шест гола беше Орјоникидзе, а пак кај Алкалоид се истакна Ѓоргиев со шест погодоци.
Куманово немаше сили за изненадување па загуби на гостувањето во Скопје од екипата на Пролет со 24:20.
Лошо тргна Куманово во првиот дел и на полувреме имаше негатива од 11:8, а во вториот дел Пролет постојано имаше предност и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се доближи и да го загрози триумфот, на крајо исходот беше 24:20.
Кај Пролет со по пет гола се истакнаа Павлевски, Шилегов и Стојановски.
Оваа рунда ќе се комплетира вечерва.
Александар Ванев, М-Нет