
Брегалница дефинитивно го одигра најбледиот натпревар во тековната сезона, а ако се гледа според тоа што го игра во пролетниот дел, „сините“ ќе имаат многу тешка мисија за директно враќање во Прва лига, ако многу работи не се променат во самата игра.
Каменица Саса во целост беше подобра на теренот во Турново, играше организирани и без било каков притисок, во сите три зони „рударите“ функционираа перфектно.
Симевски со два гола, Таневски и Голубов со по еден го ја наполнија мрежата на Брегалница за конечни 4:0.
Еден од најдобрите фудбалери на Каменица Саса, штипјанецот Дарко Алексовски – Пеле вели дека Брегалница нив ги потценила и додава дека одиграле тимски.
„Во Штип изгубивме, бевме со хендикеп јас имав црвен картон и Бурим Алиев беше повреден, сега истиот состав со нас двајца резултатот си го кажува своето. Со нашето искуство со нашето придонес ние дадовме многу за ФК Саса. Екипата расте од натпревар во натпревар играме се подобро и подобро, играме тимски, има дружба, нема љубомора, играме еден за друг едноставно, гинеме. Очекувавме дека ќе биде тежок натпреварот во секој случај, но резултатот си го направи своето. Игравме дисциплирано, трениравме цела недела се подготвувавме за Брегалница, знаеме каде и е најслабата точка, нема сега да откривам. Резултатот го кажува тоа, четири нула“, вели Алексовски.
По овој пораз Брегалница го промени тренерот Трајче Сенев, откако двете страни спогодбено се разделија, а клубот на утрешниот меч против Вардарски ќе го води помошник Ристе Наумов.
„Брегалница не треба да биде со овој резултат, Брегалница е екипа која се боре за влез во Прва лига, а ние ги надигравме во секој сегмент. Штета лошо ќе звуче за штипската публика бидејќи сум од Штип, но морам да кажам, Брегалница со нас мислам дека потфрли, дека не’ потцени, не смее ниту еден противник да се потцене, особено и лигата. И ова е квалитетна лига можеби не како првата бидејќи нема странци“, ни изјави Алексовски.
Каменица Саса сега е во позиција да напаѓа и за трето место и да игра бараж за Втора лига
„Се надевам дека ќе одиграме добро до крај и да изненадиме како минатата сезона Детонит Плачковица се надевам дека оваа сезона ќе биде хит ФК Саса“, додава Алексовски.
Суспензијата на Градскиот стадион во Македонска Каменица заврши и Саса се враќа дома веќе за следниот домашен меч во сабота против Македонија ЃП.
„За жал навивачите се прекрасни на Саса и оние ни направија мал проблем отежнување, но враќаме се дома, во секој случај е позитивно, дома играме со Македонија ЃП. Ја повикувам публиката уште од сега за следната сабота да дојде во што е можно поголем број и да ни даде поддршка бидејќи екипата оде добро, работеме добро, сите сме здрави“, вели Алексовски.
Иако резултат беше убедлив од 4:0 во текот на самата игра Алексовски од неговите соиграше бараше да се игра како да е резултатот 0:0.
„Тоа е победнички мендалитет денес му е роденден на Андреј Симевски и со добрата игра негова си поклони два гола. Ние сме сите капитени во екипата, не е само Дарко Алексовски – Пеле капитен, не е ни Андреј Симевски капитен, денес му е роденден и затоа ја има тој капитенската лента. Тоа е мој победнички менталитет секогаш одам до крај, не смееме да се опуштаме, тоа е фудбал, јас верувам во чуда, може за четири минути да паднат два гола и ќе си направиме проблем“, заврши Алексовски.
Саса сега има има само шест бода негатива од Брегалница или третото место кое води кон баражот за Прва лига, а баражот сега е цел на Саса.
Александар Ванев, М-Нет