Да се твори надвор до дома, од општеството, во друг амбиент и околина за секој уметник значи многу. Вака кочанчанката Александра Димитрова ја опишува еднонеделната меѓународна колонија која изминатава недела се реализраше во хотел Краун во Грција. Според неа времето е квалитетно поминато, идејата вроди со плод и се изработија доста квалитетни дела кои вчеравечер беа изложени.

„Овде сме на оваа колонија каде нашите уметнички вештини се споија и еве позади нас е изложбата која вроди со плод. Навистина да твориш во друга средина, во друга држава од оној домашниот, за секој уметник колонијата значи многу. Овде се изработија навистина квалитетни дела, бидејќи е чест да се биде дел од големи автори, така и јас сметам дека во иднина ќе се гордеат и помлади генерации“ – кажа Димитрова.
Според Димитрова амбиентот на море е најдобриот начин да им се препуштиш на боите и четките и во најдобро светло да се презентира местото од каде што доаѓаш. На тој начин внатрешната емоција се пренесува на чиста површина односно на платно.

„Морскиот воздух ти прави да се отргнеш од се и да се препуштиш на една авантура, а тоа се четките и боите и платната, една чиста површина и ја даваш онаа енергија која ја компресираш од средината. Секој уметник си има свој стил, па така и јас, работев во оној дух кој го работев во годините. Станува збор за апстрактен експресионизам каде што преку тие потези кои се ставаат на платното ја пренесувам својата емоција.
Оваа колонија за прв пат беше реализирана годинава, со тенденција да прерасне во традиција. На истата учествуваа повеќе од 20 уметници како од нашата држава така и од странство.
Лаура Стојанова М-Нет