
ФК Брера Струмица официјално соопшти дека Мартин Алаѓозовски повеќе не е дел од клубот, ставајќи крај на една важна фаза од неговата кариера во струмичкиот тим.
Во моменти кога клубот се соочуваше со сериозни предизвици, Алаѓозовски беше меѓу оние кои покажаа карактер, лојалност и максимална посветеност. Со својот професионален пристап и ангажман, тој остави значаен белег во тимот и придонесе во градењето на тимската стабилност.
Од клубот истакнуваат дека неговата енергија, верба и однос кон дресот нема да бидат заборавени, нагласувајќи дека вратите за него секогаш ќе останат отворени.
Брера Струмица му се заблагодари за сè што направи и му посака многу успех во понатамошната кариера, испраќајќи го со порака дека засекогаш ќе остане дел од нивната приказна.