
Денеска над селото Злеово беше реализирана еколошка акција за пошумување, во организација на ДПД „Кобри“ Злеово. Со заеднички сили и ентузијазам, членовите на друштвото, заедно со поддржувачи и волонтери, дадоа свој придонес за создавање поздрава и позелена животна средина.
Акцијата се одвиваше во позитивна атмосфера, а значајна поддршка за нејзината реализација даде и заменик директорот на ЈП ,,Национални шуми” Кире Михаилов, кој активно се вклучи во иницијативата. Засадени се повеќе садници, со цел да се обнови и збогати шумскиот фонд во овој дел од регионот.
Од ДПД „Кобри“ Злеово упатија порака дека ваквите активности ќе продолжат и во иднина, со цел подигање на свеста за заштита на природата и поттикнување на граѓаните да се вклучат во слични акции.
Оваа иницијатива е уште еден пример дека со заеднички ангажман може да се направи значаен чекор кон зачувување на животната средина и подобрување на квалитетот на животот во локалната заедница.