
Денеска бесплатно се мереше очен притисок во Здравствениот дом во Штип и на УГД со цел одбележување на Светскиот ден на глаукомот. Само за два часа над 60 граѓани го измерија својот очен притисок, а резултатите покажуваат дека висок е бројот на луѓе кои имаат висок очен притисок. Глаукомот е опасна болест или втора причина за појава на слепило во светот, но загрижувачки е фактот што нема конкретни симптоми, а ако ги има се појавуваат покасно. Токму затоа се спроведуваат вакви акции за бесплатно мерење на очниот притисок.
„Се со цел рано да го откриеме глаукомот бидејќи тоа е една тешка болест, која поминува без симптоми без болка и граѓаните не знаат дека боледуваат од глауком. Него само ако го измериме на апарт може да се установи дека има зголемен очен притисок.“ – вели Газепов.
Праксата покажува дека секоја година има нови пациенти со оваа болест. Причините однонсно ризик фактори има многу, а тука се вбројуваат пушењето, алкохолот, но и социјалните мрежи и предолгото седење пред компјутер.
„Практично сите групи на глауком имаат свои причини. Примарниот глауком има наследна компонента, а има и многу ризик фактори кои се појвавуваат како пушење, алкохол и слично.“ – додава Газепов.
Граѓаните денеска во редица чекаа за да го измерат својот очен притисок, Велат дека ваквите акции се за поздравување и дека треба да се организираат почесто.
Акцијата за мерење на ичен притисок продолжува и утре во рекоторатот на УГД Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет