Академија Пандев поразена на првата контролка во Анталија од бугарскиот второлигаш Марица

ФОТО: ПФК Марица 1921 Пловдив – PFC Maritsa 1921 Plovdiv

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев загуби на првиот контролен натпревар во Анталија, Турција, од бугарскиот второлигаш Марица од Пловдив со минимални 1:0.

Второлигашот од Пловдив до триумф над македонскиот прволигаш стигна со голот на Газиев во 51. минута постигнат од пенал. Натпреварот беше израмнет со шанси и на двете страни, а можност добија сите фудбалери. За „пандевци“ настапија и новите засилувања меѓу кои и португалскиот интернационалец Емболо.

Во Анталија екипата на Академија Пандев ќе се тестира и против екипите на Актобе од Казахстан, потоа Зорја од Украина и Кизилхар од Казахстан, по што „пандевци“ ќе се вратат во Струмица и ќе се одиграат уште два контролни натпревари против Детонит Плачковица и против Беласица.