Академија Пандев промовираше три нови засилувања

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев промовираше три нови засилувања за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига. „Пандевци“ ги промовираше Сандро Ембалло, Иван Галевски и Неат Абдулаи.

Португалскиот дефанзивец Ембало пристигна од редовите на АЦ Оулу од Финска, а игра во одбраната или на левата бековска позиција.

Абдулаи е македонски интернационалец кој неколку сезони играше во Серија Д, последен пат за Монтебеуно, а настапува на крилните позиции и како централен напаѓач.

Галевски настапуваше за прилепска Победа пред да пристигне во Струмица и и ќе биде засилување на двете крилни позиции.