
Академија Пандев и Кожуф утре со почеток од 13:00 часот на СЦ „Горан Пандев“ во Струмица ќе одиграат пријателски натпревар пред стартот на пролетната полусезона.
„Пандевци“ се вратија од Анталија, Турција, каде ја одработија главната фаза за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига, па утрешниот меч со „Кожуф“ многу веројатно за нив ќе биде и последен тест пред стартот на неизвесната пролет.
Како што дознава телевизија М Нет, второлигашот Кожуф ќе се тестира со струмичкиот прволигаш Академија Пандев, веројатно како „генерален“ контролен натпревар, иако не се исклучува можност за одигрување на уште еден контролен натпревар.
Академија Пандев во пролетниот дел од ПМФЛ ќе брка сигурен и директен опстанок, а пак Кожуф во ВМФЛ ќе атакува на директен и сигурен опстанок.