
Дијалогот е клучен за решение на проблемот со минималната плата, истакна денеска претседателот на стопанската комора на Македонија, Азески од Штип. Како што вели со протести нема да се најде решение за зголемување на платите на работниците и затоа неопходен е дијалог и разговор. Во меѓувреме во март треба да се разговара за усогласувањето на минималните плати во државата.
„Стопати сум повторил, дијалог, дијалог и дијалог, протест не е никакво изразување на некакво мислење и така натаму. Тоа може само да го искомплицира. Дајте да седнеме да видиме, нема потреба да ја оптеретуваме јавноста. Тоа прашање е регулирано со Закон и во март месец се разговара за усогласување и регулирање. Ние сега наместо во институциите да преговараме, ние седиме на улица. Јас не велам дека мед и млеко тече во Македонија, ама само разговорот е решение.“ – вели Азески.
Од Стопанската комора посочуваат дека подеднакво треба да ги застапуваат и работниците и работодавачите, и затоа неопходно е да се разговара за да се најде решение кое ќе одговара и за двете засегнати страни.
„Нас подеднакво не интересираат и работниците и работодавачите, нема фирма без работници и без работодавачи. Нашата услога е да бидеме мост, сите сакаме поголеми плати прашањето е дали има, дали може.“ – додава Азески.
Синдикалците рпотестираат пред Влада, па пред Стопанската комора на Македонија со брање минималната плата да биде зголемена на 600 евра, а сите останати плати да се зголемат за 6000 денари. Утре со почеток од 11 часот ќе блокираат пред Влада.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет