
Поплава во средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип, околу 300 ученици беа на настава и во училиштето за време на немилиот настан. Интервенираа територијалната противпожќарна единци Штип, брзата помош како и црвениот крст. За првпат во Штип денеска се реализираше симулација на поплава, во која учествуваа и учениците и наставниците, а вежбата заврши вкупно за 12 минути.
„Денес во СОУ „Јане Сандански“ во Штип се спроведе сиимулација на вежба за симулација на поплава, за прв во Штип и за првпат во државата. Можам да кажам дека од сите досегашни вежби овојпат вежбата заврши за време од 4 минути, целата евакуација на учениците и на вработените, а севкупно целата вежба беше 12 минути. Би сакала да се заблагодарам на ТППЕ Штип, Брзата помош и Црвениот крст. Беа вклучени сите професори и околу 300 ученици кои беа на настава“ – вели Николиќ.
Претходната година се спроведе едукативна работилница за евакуација при појава на пожар, а ваквите вежби е законски предвидено да се спорведуваат на секои три години.
„Ова ни е езаконски предвидена и задолжителна, на секои три години согласно законот се реализираат вакви вежби , но сметам дека како училиште треба да ја подигнеме свеста кај младите и овие вежби да се прават барем еднаш годишно.“ – додава Николиќ.
Претходно се спроведоа симулациски вежби за евакуација при пожар и земјотрес.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет