
Потпишана Иницијатива за основање на Иновациски центар – Штип помеѓу Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, Општина Штип и Стопанската комора на Македонија за создавање одржлив модел на соработка во областа на претприемништвото, иновациите и локалниот економски развој. Идејата е да се создаде мост со цел студентите ги развијат своите идеи, да допринесат вработувања и да направат бизниси.
,,Овој иновациски центар е да реалниот сектор, стопанството, локалната самоуправа, компаниите од овој регион, заедно со УГД направат мост за да можат нашите студенти , професори да ги развијат своите идеи до степен на комерцализација, да допринесат за реално вработување на идните генерации, да допринесат за реално вработување на идните генерации, да допринесат реално за развој на стопнаството во овој регион и реално имаме подобри шанси за успех и од аспект на економијата и од аспект на квалитетот на животот во овој регион. Нашите студенти би можеле тука да прават бизниси кои што се компетитвни со било каде во светот.“, рече Мираковски
Од лицеместо на настанот и градоначалникот Иван Јорданов, истакна дека оваа иницијатив ќе создаде нови можности за младите. Вели ќе се стекнат многу знаења и вештини, кои исто така ќе придонесат за поголема продуктивност и можност за искористување на европските фондови.
,,Мене ми е драго што секогаш кога се гласно комуницира и се споделува и се пренесува заење, се пренесуваат и се создаваат резултати. Верувам во оваа иницијатива ќе произлезе можност за подобрување на состојбите на пазарот, отворање на нови бизнис идеи, на нови работни места, овозможување на младите да се стекнат со вештини и знаења, кои ќе придонесат за поголема прогуктивност, но исто така и за поголема можност за искористување на националните европските фондови. Сетоа она кое што е основата за создавање на еден регионален развој, кој што ни е неопходен во ова време во кое што се среќаваме.“, вели Јорданов
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески вели со ова решение ќе може да се излезе надвор од рамките на државата со помош на поддршката на комориот инвестициски форум.
,,Она што стопанската комора ќе го направи за општината и за нејзиниот развој и за универзитетот е практично тоа што ние ќе излеземее надвор од рамките на државата и со поддршката на коморскиот инвестиционен форум.“, рече Азески
Настанот се оддржа во ректорот при УГД Штип, а на истиот присуствуваа претставниците на универзитетот, локалната самоуправа, приватни компании.
Иван Митев, М-Нет