Абдула Јонузи останува портпарол на новиот прволигаш Беса

Откако пред неколку дена портпарол на новиот прволигаш Беса од Добри Дол се повлече од оваа функција, сепак се случија промени и Јонузи останува и понатаму дел од клубот како портпарол.

Во изјава за телевезија М Нет, Јонузи кажа дека неговото заминување било поради лични причини и работи за кои сметал дека ќе му треба подолг период за да ги заврши, но успеал истите да ги заврши побрзо од што очекувал, а по состанокот со раководството на клубот донесена е одлука тој да продолжи и во иднина да ја врши фунцкијата портпарол на Беса.

Јонузи се заблагодари за поддршката и соработката која очекува во иднина да трае долго и успешно.

Беса во следната сезона за првпат во својата клупска историја ќе настапува во Првата македонска фудбалска лига.

Александар Ванев, М-Нет