Tри денари за килограм пченица дополнително ќе добијат земјоделците, ќе се зголемат двојно и субвенциите

По три денари дополнително за килограм пченица и зголемување на субвенциите ќе добијат земјоделците во државата. Целта е да се задржат и мотивират земјоделците, имајќи во предвид дека ова е стратешка култура и државата треба да се грижат за одгледувачите на пченица, истакна премиерот на државата Христијан Мицкоски и додава дека ако субвенцијата до сега за хектар изнесувала 6000 денари, со дополнителното зголемување тоа ќе изнесува 12 000 денари.

“Донесовме одлука за зголемување на субвенцијата и доделување дополнително 3 денари по килограм за производителите на пченица, имајќи во предвид регионалната конкуренција. Ние сакаме да ги задржиме бидејќи ова ни е стратешка култура и ние мораме да се грижиме за луѓето кои што се занимаваат со производство на пченица. Истовремено ќе додадам дека тука се и производителите на јачмен. Ако до сега субвенцијата за хектар е околу 6 000, на вчерашната седница донесовме одлука да ја зголемиме двојно односно да биде 12 000 денари, имајќи во предвид дека ниската откупна цена на јачмен од 9 денари по килограм.“, истакна Мицкоски

Државата ќе продолжи и понатаму да ги поддржува сите земјоделци кои придонесуваат за подобрувањето на условите за живот во Македонија и ова е интересот на оваа влада, додава Мицкоски.

„Така што продолжуваме да ги поддржуваме на сите они кои што допринесуваат во насока на подобрување на условите за живот во Македонија. Тоа е она што е наш интерес политика на оваа влада.“,додава Мицкоски

Со ваквата ситуација од една страна ќе се подобрат условите за работа, а од друга страна ќе има можност за поголема мотивација за работата со земјоделие. Со ова подобрување земјоделците ќе имаат поголема можност за заработувачка, но и поголема можност за механизација.

Лаура Стојанова, М-Нет