
По повод меѓународниот ден за заштитата на човековите права, денес правниот факултет при УГД Штип се организираше настан пред европскиот суд на човекови права. М-р Елена Трајковска пред камерите на медиумите вели дека со настанот се истакнува важноста за заштитата на човековите права, како и можност студентите практично да се соочат со правните предизвици. Истакна дека правниот факултет од Штип е член на мрежата оушан од советот на европа во кој учество земаат студентите од факултетот.
„По повод меѓународниот ден за заштитата на човековите права, правниот факултет при УГД Штип организира настан, односно активност симулирани судења пред европскиот суд на човекови права. Имено правниот факултет при УГД е член на мрежата оушан од совет на европа и во овој настан земаат учество нашите студенти од правниот факултет. Со овој настан не само што сакаме да ја стакнеме важноста за заштита на човековото право, слободите, еднаквоста, правдата и правичноста, туку сакаме и преку вакви практични искуства нашите студенти во процесот на студирањето да соочат со она што следува од правните предизвици во она што означува заштита на човековите права.“, вели Трајковска
Целта на ваквиот настан е да се потенцират две главни работи и тоа учеството на студентите на меѓународните натпревари, како и да се одбележи меѓународниот ден за човековите права, вели деканката на правниот факултет, Олга Кошевалиска.
“Со настанот сакаме да потенцираме две главни работи прво е да им аплаудираме на студентите за нивната активност за нивното упчество на меѓународни натпревари во кое што се покажува нивното знаење, додека второто е предвремено да го одбележеме меѓународниот ден за човекови прва, односно да апострофираме на нашата соработка.“, истака Кошевалиска
Инаку, настанот се оддржа при на правниот факултет при УГД Штип со цел да се назначат човековите права како најважни за човештвото.
Лаура Стојанова, М-Нет