Oд четврток вистинска есен во Македонија – дожд, ветер и пониски температури

Чадор и јакна во рака, од четврток вистинска есен во Македонија, дожд ветер и пониски температури. Метеоролозите предупредуваат, особено в петок доста врнежливо време, пропратено со грмежи и ветер. Дежурниот синоптичат Ленче Ризова, за М-Нет телевизија потенцираше дека овој викенд температурите ќе бидат пониски, со што максималните температури се очекуваат да бидат до 20 степени во истокот.

,,Па уште наредните два дена ќе имаме сончево и топло време за овој период од годината, ќе превладува претежно сончево со максимални температури кои ќе бидат во интервал од 28 до 33 степени. Меѓутоа веќе од четврток, постепено нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажни воздушни маси, така што ќе имаме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток во вечерните часови, како и петок, врнежите ќе бидат пропратени и со грмежи. Во петок се очекува да има умерен дозасилен ветер од југоисточен правец. Дневната температури во деновите од викендот ќе опадне. Викендов температурите до 20 степени максимални.“, рече Ризова

Врнежливо и ветровито време не очекува и во почетокот на месец октомври, исткана Ризова. Рече дека и температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Во сголасност со ситуацијата, лекарите упатуваат препораки до граѓаните, особено до хронично болните лица да бидат претпазливи и редовно да ја пијат својата терапија. Доколку имаат било какви промени и варијации со крвниот притисок да ги посетат матичните лекари.

Иван Митев, М-Нет