Oваа зима без одмор и патувања, поголем дел граѓаните немаат доволно финансии, други немаат со кого

Зимата ќе помине без да се излезе надвор од Штип. Граѓаните речиси никаде на одмор не отишле оваа зима. Делумно немаат со кого, а имаат финансии, но најмногу затоа што немаат доволно финансии, а сепак имаат со кого. Децидни се сите дека високиот стандард, причина за да тие одморот веќе го изоставаат.

Имаше и трети кои работата од која егзистираат не им дозволва ниту ден слободен. Чувањето добиток за некого и денес решение за високиот стандар, знајеќи дека се работи и делник и празник.

Во согласност со стиауцијата, речиси 95 проценти од анкетираните на терен велат дека примањата се достапни амо за јадење и за плаќање сметки. Реткост е веќе некој да тргне нешто на страна, а одмор веќе е луксуз и привилегија.

Иван Митев, М-Нет