
Воениот конфликт во Иран ќе влијае на економијата, според министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој денеска беше во посета на Штип. Како што рече тие како министерство ќе дадат се од себе за да бидат спремни. Постојано се набавува оружје, а во наредниот период кажа дека ќе бидат презентирани и новите страјкери, кои што пристигнаа во Македонија.
,,Состојбата секој ден станува се по интензивна, потензична, бидејќи се продожуваат еве веќе повеќе од една недела последните напади во Иран и секако ќе влијае на економијата пред се. Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме посотојано со нашите сојузници и имаме една цел а тоа е Македонија, се разбира македонската војска и граѓаните. Ние ќе дадеме се од себе да бидеме спремни. Набавуваме и ново оружје постојано. Еве за неколку дена ќе видете и новите страјкери што пристигнаа во државата.“, рече Мисајловски
Министерот Мисајловски рече дека во иднина ќе има сериозна инвестиција и вложувања во армијата. Кажа дека ќе има нов план за тоа што е најважно да се обезбеди во наредните години.
,,Огнена моќ дополнително да пристигне од други држави. Ние при крај сме со договорот со Франција. Ова се сериозни вложувања, каде што оваа година е најтешката во министерството за одбрана да ги исплати овие работи. Но, она што е поважен дел е тоа дека во иднина ќе има сериозна инвестиција и во наредните 10 години ќе издвојуваме многу средства за одбраната, ќе започнеме со нов план што е најважно да купуваме во наредните години , а верувајте дека тоа е милиони и милијарди што треба да ги издвоиме како министерство за одбрана, дирекно да бидат нови вложувања во армијата.“, додава Мисајловски
Со новите цели на способност, министерот Мисајловски дополнително посочи ќе се издвојуваат многу средства за одбраната, а тоа се милионски суми.
Иван Митев, М-Нет