
Подобра настава и повеќе можности за студентите беа главните теми на кои се дискутираше на денешната работна посета на министерката за образование и наука Весна Јаневска на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На средбата со раководството на универзитетот, локалната власт и професорите се дискутираше за подготовката на трите нови закони што треба да донесат подобра настава и посилна научно-истражувачка дејност. Целта е универзитетите да понудат поквалитетна едукација и да имаат поголема улога во општеството. Според министерката, состанокот бил отворен и конструктивен, со фокус на потребите на студентите.
,,Денес имав работна посета во Штип на УГД и со големо задоволство можам да кажам со ректорот, градоначалникот, професорот и сите останати чинители кои се значајни за оваа работна посета, имавме навистина конструктивен о подотворен состанок. Разговаравме за подигање на квалитетот во високото образование за трите нови закони, закон за високо образование, закон за квалитет во високото образование и закон за научно-истражувачката дејност со цел да се усгоалсиме во некој значајни и битни елементи, кој ќе придонесат за подигање на квалитетот на високото образование и за улогата на универзитетите во корист на општеството, се разбира преку одличната едукација на студентите.“, рече Јаневска
Рекоторат на универзитетот Дејан Мираковски, од настанот потенцираше дека новите законски измени ќе овозможат резултати во однос на квалитетот на образованието.
,,Имаме чест денеска да иамме работна средба со министерката за образование проф. Д-р Весна Јаневска на која што дискутривме теми од областа на високото образование со фокус на подобрување на квалитетот на високото образование во светло на новите законски измени, кои што се подготвуваат. Тоа е еден процес кои што верувам дека за сите е многу важен, а посебно за универзитетите и ќе ни овозможи навистина да ги постигнеме резултатите кои што општеството ги очекува од нас, односно да го подобриме и квалитетот на образование, но и севисот на универзитетите кон општеството.“, рече Мираковски
Инаку, состанокот се одржа во ректоратот на универзитетот во Штип, а истиот во иднина ќе овозможи подобра можност и за студентите, но и за универзитетот и општината.
Иван Митев, М-Нет