
Денес на стадионот Бело Брдо се одигра „генералка“ помеѓу екипите на Кит Го Пехчево и на Тетекс од Тетово. Кит Го победи со резултат 4:2 (2:1). Гостите први дојдоа во водство, но голгетерот на домашните Бошко Ступиќ постигна нов гол за израмнување. Во самиот финиш на првото полувреме Зоран Андонов постигна гол за водство на Кит Го од 2:1 и со тој резултат се отиде на одмор. Во второто полувреме играчите на Емил Грнев постигнаа два гола преду Мартин Димоски и Кире Трпчевски за резултат од 4:1 за да Тетекс од пенал го постави конечниот резултат Кит Го – Тетекс 4:2. Ова беше убава можност да се направи увид во играта и спремноста на играчите на Кит Го за претстојниот старт на пролетната полуетапа во која секако амбициите на тимот од Пехчево се остварување на висок пласман.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk