Aпел од СВР Штип до граѓаните во пресрет на дочекот на Нова година

Во пресрет на дочекот на Нова година СВР Штип упатува апел до граѓаните максимално да се воздржуваат од употребата на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства, како и од нарушувања на јавниот ред и мир. Апелираме до граѓаните, особено родителите да внимаваат на нивните деца да се воздржат од каква било употреба на петарди и други пиротехнички средства.

На сите учесници во патниот сообраќај им порачуваме да бидат внимателни и дисциплинирани и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжитено да поседуваат зимска опрема и особено да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол, а брзината на движење да ја приспособат според условите и состојбата на патот, со цел нивна безбедност и безбедност на останатите учесници во сообраќајот.

Секторот за внатрешни работи Штип апелира до граѓаните доколку подолго време отсуствуваат од своите домови да преземат соодветни мерки за заштита на својот имот, да ги затворат и заклучат вратите и прозорците. Не постирајте и не споделувајте фотографии и информации за патување на социјалните мрежи , бидејќи крадците ги следат и лесно може да видат кога ќе бидете далеку од домот, а на тој начин истите ја користат таквата можност и брзо стапуваат на сцена за да дојдат до посакуваниот плен.

До колку граѓаните имаат потреба да пријават одреден безбедносен настан тоа можат да го сторат со повикување на телефонски број 192.