
Православните христијани денеска одбележуваат Задушница во сеќавање на починатите. Денес тие одат и ги посетуваат починатите со палење свеќи за нив на гробното место или во црква доколку некој не е во можност да оди на гробишта. Штипјани денес во голем број ги посетија штипските гробишта, секој со свои верувања, начини и обичаи. Денес, раздаваат храна, лепче осветено во црвено вино, варат пченица, палат свеќа и повикуваат поп.
„Па пченичка, нешто за јадење, вино, дедо поп пее и толку. Палиме свеќа, се молиме за мртвите.Ако треба да се чита од страна на поп, тогаш вино и пченица варена.“ – велат штипјани
Луѓето велат дека и како порано се почитува празникот Задушница, секогаш кога се во можност доаѓаат и ги посетуваат починатите. На гробиштата редот во сообраќајот го одржуваат полициските служеници.
Инаку, оваа задушница секогаш се паѓа во последната сабота пред Прочка и започнувањето на велигденските пости.
Ангела Ѓуркова М-Нет