
Доста стабилна ситуацијата со Ковид 19 во Источниот дел на државата на прагот пред велигденските празници. Во кочанската модуларна ковид болница хоспитализирани се 19 пациенти, слободни 10 кревети. Намален бројот на лица кои имаат потреба од кислородна поддршка, односно бројот е сведен на 6. Нема починати лица во последното деноноќие, истакна директорот на болницата, Александар Серафимов. Во штипската Клиничка болница хоспитализирани се 58 ковид пациенти, од кои 26 во модуларната болница и 32 на Инфективното одделение. Слободни се 49 кревети за ковид пациентите, 21 во модуларната болница и 28 на Инфективно одделение без можност за кислородна поддршка, истакна потпаролот на Клини чка болница Штип, Марина Шуманска. Во последните 24 часа 1 лице ја изгубило битката со ковид 19, а 38 пациенти се на кислородна поддршка. Апелот останува ист, да се почитуваат мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.002, бројката на оздравени 132.171, починати 4.818 а бројката на активни случаи изнесува 15.013.
Лаура Стојанова М-Нет