Николов: Без разлика дали се работи за роднини или пријатели, во Штип правилата важат за сите!

По најавената акција на Општина Штип и комуналните инспектори за отстранување на секаков вид шупи, голубарници, хаварисани возила од јавна површина во Градот под Исарот, изминатите денови тоа и се случува. Впрочем граѓаните кои имаат добиени опомена во рок од 15 дена потребно е да ги отстранат нивните објекти од јавната површина со цел да не се соочат и со отстранување од страна на општината и дополнителен трошок со плаќање казна зошто не ги отстраниле сами. По неколку дена од акцијата опозоициската ВМРО ДПМНЕ излезе со прес конференција за хаварисаните возила пред  „Баргала“. Сега неколку дена по ред се работи и на нивно отстранување. Првиот човек на градот под Исарот, Сашко Николов истакна дека без разлика за кој станува збор, за сите важат исти правила, за убав и чист град. Сепак овие возила не се во споственост на Баргала туку, припаѓаат на трето лице кое веќе работи на нивно отстранување.

„Општина Штип и комуналната инспекција и комуналните инспектори работат на терен без разлика за кој станува збор дали е тоа за роднини, пријатели, сите ние сме штипјани и законот важи за Штип. Конкретно за состојбата со паркираните возила пред кругот на фабриката „Баргала“, разговаравме со официјални лица и се докажа дека тие возила не се во споственост на „Баргала“ туку се продадени на некое трето лице, кое започна со нивно отстранување“- истакна градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.

Според почетни информации, над 350 граѓани во Штип имаат добиено опомена за отстранување на нелегално поставени шупи, лимени гаражи, хаварисани возила од јавна површина.

Лаура Стојанова М-Нет