ВМРО ДПМНЕ со обвинение дека нема регистарски таблички, СВР Штип со одговор дека се донесени

Лицата кои сакаат да го регистрираат своето возило за прв пат со нови регистерски таблички, или пак доколку се наоѓате во ситуација регистарските таблички да ви се оштетени, или изгубени моментално нема можност да добиете нови, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Со ова според нив власта покажува не сериозно во повеќе сектори.

„Власта ни демонстрира неспособност во секој сектор. Всушност постојано ни докажува дека не може да се справи со најелементарни работи. Прва регистрација на возило во Штип не може да се направи. Оние физички и правни лица кои деновиве се обиделе да извршат прва регистрација на возилото се увериле дека тоа е невозможно поради неспособноста на МВР. Споменатата институција не била ажурна навреме да ги набави регистерските таблички па деновиве од тоа имаат последици сите оние кои имаат ваква неопходност“ – истакнаа од ВМРО ДПМНЕ.

За доброто на сите од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, посочуваат дека ваквата неспособност треба да ги напушти институциите.

Од СВР Штип со одговор.

„ Избран е нов економски оператор, има мал застој поради технички причини во издавањето на регистерски таблици, но испораката веќе е почната, регистерските таблици пристигнаа, се делат по градови и проблемот многу брзо ќе биде надминат“ – истакнаа од СВР Штип.

Лаура Стојанова М-Нет