Кочанчанец го украл клучот од сопругата и влегол да „оперира“ во маркетот каде таа работи

Не продолжуват кражбите во Кочани. Граѓаните секојдневно се соочуваат со нова и нова кражба. Но, и од полицијата не седат со скрстени раце. Во текот на вчерашниот ден 33 годишник од Кочани фатен како „оперира“ во маркет во централното градско подрачје во Кочани. Откако истиот го земал клучот од неговата сопруга која била вработена во маркетот, без нејзино знаење кочанчанецот влегол и одзел пари, при што бил фатен од полициски службеници од Кочани.

„По преземани мерки и активности од страна на полициски службеници од ОВР Кочани, расветлено е кривично дело „тешка кражба“ извршена ноќта на 18 спрема 19 април од маркет на ул.„Маршал Тито“ во Кочани, за кој осмоничен е 33 годишник од Кочани, сопруг на вработена во маркетот. Инаку, 33 годишното осомничено лице откако ги зело клучевите без знаење на сопругата влегол во маркетот и од кутија одзел околу 120 илјади денари. Парите се пронајдени, одземени и вратени на сопственикот.“ – истакна потпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Во меѓувреме, лишени се од слобода и приведени во полициската станица Кочани се и 20 годишниот кочанчанец и малолетникот од Кочани, кои на 14 април биле затекнати како извршуваат кривични дело тешка кражба во обид.

Од СВР Штип информират дека се работи на расчистување и на другите кривични дела кражби кои изминатиот период се случуваа во Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет