Во салата „Јордан Мијалков“ во Штип ќе се имунизираат граѓаните од Источниот дел на државата

Салата „Јордан Мијалков“ во Штип се подготвува за пункт во кој ќе се врши масовна имунизација на населението од Источниот дел на државата, по примерот на вакцинација во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во соработка на Општина Штип и повеќе надлежни институции во саботата е направена посета на салата, со што е констатирано дека е најсоодветна за извршување на вакцинацијата. Според предвидувањата по 1500 до 1800 лица ќе се вакцинираат дневно, салата ќе работи во две смени од 8 до 20 часот.

„Локалната самоуправа и јас како градоначалник на Општина Штип, имаме обврска да ги направиме овие 25 вакцинални пунктови, да организираме коридор на движење на сите кои ќе доагаат на вакцинација и би требало да се вакцинираат 1500 до 1800 лица дневно“ – истакна градоначаникот на Општина Штип, Сашко Николов.

До крајот на месецов се очекува подготовките да бидат завршени, и да започне процесот на имунизација. Салата ќе биде организирана со 25 пункта, дополнителни 100 столчиња за лицата кои се вакцинирани, а доктори и медицински сестри како и волонтери ке има од целиот Источен регион.

„Ќе имаме некаде околу 25 вакцинални пункта, уште 100 столчиња каде нашите сограѓани после вакцинација ќе треба да останат уште 15 минути на опсервација

Освен во Штип масовна имунизација на населението се очекува и во други градови во државата како Куманово, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово. Во барање на граѓаните и можноста на здравствените системи можно е вакцинални пунтови да се постават и во други градови во државата.

Лаура Стојанова М-Нет