Завршува реновирањето на ООУ„Димитар Влахов“ Штип

Заопкружено целосното вложување во Основното училиште „Димитар Влахов“ во Штип, започнаото од претходно. Завршено е реновирањето на училиштето со што истото добива подобар изглед, и станува подобро место за учење но и поминување на слободното време како за учениците така и за сите граѓани на Штип.

„Завршуваме со реновирање на училишниот двор, со вградување на бекатон плочки, хортикултурно уредување на училишниот двор со зимзелени садници. Поставуваме нови клупи во училишниот двор а предвидена е и изградба и опремување на летната училница“ – истакна Градоначаникот на Општина Штип, Сашко Николов.

Дополнително на ова во претстојниот период се очекува ова училиште да добие два нови кабинети по биологија и хемија со комплента опрема.


„Нешто што не го спомна градоначалникот е дека наскоро Министерството ќе инвестира во реконструкција на два кабинета по биологија и хемија. Ќе имаме најсовремени кабинети за учење, истражување и анализирање“ – кажа директорот на ООУ „Димитар Влахов“, Миле Младеновиќ.


Досега во реновирањето на ова училиште се вложени некаде околу 6 милиони денари. Инаку, училиштето добро се справува и со корона пандемијата. Дел од наставниците до 3то одделение со физичко пристуство веќе се вакцинирани, а пријавени се и останатиот дел.

Лаура Стојанова М-Нет