Ново источно третолигашко дерби во Делчево каде што ќе гостува Детонит

Викендот што следи ќе го тресе ново третолигашко фудбалско дерби на истокот и тоа во Делчево. Силите ќе ги одмерат екипите на Брегалница и на Детонит од Радовиш кои се на самиот врв на табелата со ист број на бодови 35, но радовишани имаат подобра гол разлика. Брегалница во изминатото коло играше без голови 0:0 во Свети Николе со Овче Поле а Детонит во Радовиш го демолираше Карбинци со 4:0. Како ќе биде во недела останува да видиме, но како и да е ќе следува пријатна фудбалска разврска. Еве ги комплетните двојки за ова 15 коло :

  1. Брегалница – Детонит
  2. Овче Поле – Василево
  3. Карбинци – Хоризонт
  4. Малеш – Тиверија
  5. Спартмани – Работник
  6. Раклиш – Чешиново

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 11 април 2021 со почеток во 13.00 часот.