
Одржана првата априлска крводарителска акција во просториите на Црвен крст Штип, посветена на здравствените работници во време на пандемија и по повод одбележување на светскиот ден на здравјето 7 април.
„Во рамки на акцијата интерес за крводарување пројавија дел од медицинските работници кои се слободни да го направат тоа во рамки на денешниот ден, меѓутоа и граѓани кои на овој начин им кажуваат едно симболично благодарам на целиот медицински персонал кои навистина прави натчовечки напори да се сноси со пандемијата“ – истакна Милановска, раководител на „Црвен крст“ Штип
Дарувањето крв и можноста да се спасат од еден до три човечки животи, значи многу, уште повеќе сега кога се наоѓаме во ек на пандемија. Бројките на единиците дарувани крв за овој квартал на 2021 се поголеми споредбено со првиот квартал минатата година.
Оваа година од спорведените крводарителски акции, заклучно со 31 март, станува збор за 318 крводарувања од крводрители од Штип и Карбинци. Од „Црвен крст“ Штип ги охрабтуваат и припадничките на понежниот пол да се осмелат на ваков чин на дарување крв, бидејќи нивниот број е помал. Исто така се охрабруваат и граѓаните кои досега никогаш не дарувале крв да го сторат тоа бидејќи добро и за нив.
Лаура Стојанова М-Нет