Од денеска затворени угостителските објекти, обложувалници, теретани за посетители

Од денеска стапуваат на сила дополнителните рестрикции предложени од страна на Комисијата за заразни болести, прифатени од Владата. По зголемување на времетраењето на полицискиот час од 20 часот до 5 часот наредниот ден, кое стапи на сила вчеравечер, од денеска затворени за посетители се угостителските објекти, хотели, мотели, хостели,  теретани, обложувалници, казината. Угостителите кои призведуваат и служат храна тоа може да го прават онланј или шалтерски. Овие дополнителни мерки се донесени за доброто на сите, за спречување на ширење на пандемијата. Министерот за здравство Венко Филипче, како и премиерот Заев, посочуваат на овие мерки како навремено намалување на бројот на новозаразени, и празниците да ги дочекаме без рестрикции. Апелите и препораките се да се носат заштитни маски, да се одржува дистанца и да се користи средство за дезинфекција. Исто така, не се претпорачува безпотребно изглегување, а забрането е групирање и собирање. Од МВР информираат пак ден првиот ден од зголемениот полициски час 62 лица на територијата на државата не го почитувале истиот.

Лаура Стојанова М-Нет