
Голем е бројот на невработени лица во Штип, конкретно во текстилната индустрија, истовремено расте и бројот на новозаразени од Ковид 19. Почетокот на пандемијата, минатата година во Штип најголемите кластери со ковид позитивни лица беше во текстилната индустрија. Од една страна борба за парче леб, од друга страна спас од корона пандемијата. Да се почитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид 19, а јавните превози за транспорт на работници полни. Претседателката на „Гласен текстилец“ Штип, Ампева со објаснување дека намалување на бројот на лица кои ќе се превезуваат во јавните превози е побарано уште во почетокот на пандемијата.
Барањата сега се исти, но слухот од надлежните на минимално ниво.
Од „Гласен текстилец“ Штип, освен за намалување на бројот на лица кои се возат во јавн ите превози, се залагаат и за намалување на бројот на невработени лица, а воедно апелираат до работниците да не потпишуваат празни листови и договори. Повеќе за темава проследете во вечерашното издание на емисијата „Зум Анализа“ во 20:30 часот на каналот на М-Нет.
Лаура Стојанова М-Нет