Ниту еден пријавен лекар од приватниот сектор во Клиничка болница Штип, за помош во справување со корона вирусот

Потребата целиот медицински перонал да биде вклучен во борбата против ковид 19 е огрмона. Сите медицински работници, хероите од првиот борбен ред против невидливиот непријател, при Клиничка болница Штип се вклучени во справување со пандемијата. Дирекоторот на Клиничка болница штип, д-р. Георгијев истакна дека во штипската болница нема противење од страна на медисцинскиот кадар, да излезат и да се борат со корона вирусот.

Од една страна 20% од капацитетот на медицинскиот персонал во Клиничка болница Штип, но од друга страна овде сеуште ниту еден лекар од приватниот сектор во државата не се пријавил да дојде за помош.

Во борбата со Ковд 19 не изостанува и проблемот со бројката на кадар во Клиничка болница Штип. Потребата од интернист е голема, но се работи на решавање и на овој проблем.

Во Клиничката болница во Штип, хоспитализирани 82 пациенти, регестриран е и еден починат пациент на 69 годишна возраст.

Лаура Стојанова М-Нет