Бројот на новозаразени се поголем, бројот на слободните кревети во Истокот речиси на минимум

Во Клиничка болница во Штип ниту едно слободно место за лицата позитивни од Ковид 19. Бројот на ново инфицирани постојано расте, но според првиот човек на градот под Исарот состојбата сеуште може да се нарече стабилна.

Се очекува до крајот на неделата да биде пуштена и модуларната ковид болница во Штип. За разлика од овде во Кочани модуларната е пуштена за прием на пациенти нешто повеќе од недела дена, а воедно и полна. Шест пациенти веќе се сместени на Физикална медицина во Општата болница со проширена дејност Кочани, а слободни се 10 – 15 кревети. Директорот Серафимов истакна дека има зголемен налив на пациенти од целиот Исток, а регистрирани се и два починати пациенти.

Во контекст на ова Николов со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател.

Николов исто така истакна дека тој ке се вакцинира со која вакцина ќе има можност.

Лаура Стојанова М-Нет