
Полна модуларната ковид болница во Кочани. Една недела по отварањето, од 29 кревети за ковид пацинети, зафатени се 28, 19 пациенти се на кислородна поддршка. Само едно слободно место останува овде. Во изминатото деноноќие во Кочани регистрирани и две починати лица, во телефонски разговор за М-Нет телевизија, истакна директорот на Општата болница со проширена дејност, Серафимов. Тој истакна дека моментално сите заразени лица од Ковид 19, се сместуваат во модуларната болница, а подготвени за сместување се и допплнителни 29 кревети од Физикална и Интезивното одделение од Општата болница со проширена дејност во Кочани. Овде се препраќаат ковид позитивните пациенти од целиот Источен регион, со полесна клиничка слика. Оние со потешка клиничка слика се препраќаат во Клиничка болница Штип. Оттаму информираат дека има слободно само едно место, а регистриран е и еден починат пациент. Состојбата во Делчево, не е алармантна. Во континуитет има до 10 заразени лица, но во изминатото деноноќие нема ниту еден пациент со потешка клиничка слика кој е препратен во Кочани или Штип, соопшти Мсрија Глигорова, директорката на Здравствениот дом во Делчево. Препораките остануваат, да се носи заштитна маска, да се одржува дистанца и да се користи средство за дезинфекција. Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат и 24 илјади дози од „Астра Зенека“.
Лаура Стојанова М-Нет